Израелците во армијата побараа спас за да го поднаполнат „Сами Офер“!

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Откако беше јасно дека нема да може да привлечат ниту 10.000 свои навивачи за дуелот со Македонија вечерва на „Сами Офер“ во Хаифа, во текот на денешниот ден од Израелска фудбалска федерација се одлучија да дозволат бесплатен влез на натпреварот за припадниците на армијата на Израел.

И покрај тоа, повторно се очекува присуство на 10.000 до 12.000 навивачи на трибините на „Сами Офер“ кој е се капацитет од 30.870 седишта.

Но, на трибините на еден од најубавите стадиони во Израел се очекува да биде претседателот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев кој од денеска е во официјална посета на Израел. На натпреварот на „Сами Офер“ се очекува присуство и на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, министерот за економија Крешник Бектеши како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кои се во официјалната македонска делегација во Израел.

Се вчитува...