Израз на лицето кој говори се – Лука од „спасител“ до „трагичар“ (ВИДЕО)

 Далас по четири победи едно по друго беше поразен од Портланд со 121-118, во натпревар во кој што повторно блесна Лука Дончиќ. Словенецот мечот во Тексас го заврши со 44 поени, 9 асистенции и 7 скока.

Портланд на средината на последната четвртина водеше со убедливи 112-99 и изгледаше дека натпрварот е завршен, меѓутоа од тој момент превзема „словенското чудо од дете“, кој со серија од 12-0 донесе драматична завршница, но наместо како херој натпреварот го заврши како трагичар, откако промаши отворен шут кој можеше на „сино-белите“ да им донесе продолжение. По дуелот Словнецот беше видно разочаран и не го криеше незадоволството.

„Не е битно дали имам самодоверба или не, топката не помина низ обрачот. Разочаран сум, мислев дека ќе погодам. Јас сум одговорен, требаше да погодам“ – изјави Дончиќ по средбата.

Се вчитува...