По денешната ждрепка познати се и двојките за баражите за обезбедување место во Втората македонска фудбалска лига, каде осум екипи ќе водат битки за четирите билети за следната сезона да ја минат во второлигашката конкуренција.
Тетекс за противник ќе го има тимот на Влазними, додека Каменица Саса ќе се сретне со Еуромилк од Горно Лисиче. Борец за противник ќе го има Кожув, додека Победа Валандово ќе игра против Камењане.
Датумот за одигрување на овие натпревари е 30 мај, а се очекува нскоро да бидат објавени и терените на кои ќе се водат овие четири битки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
