Извлечени двојките за Втората МФЛ: Екс – прволигашите на мегдан, Скопје – Пелистер

Поранешните прволигаши Скопје и Пелистер со меѓусебен дуел на „Железарница“ ќе го отворат натпреварувањето во Втората МФЛ. На 18.август, во Втората лига Запад, „пиратите“ ќе го пречекаат Пелистер. Интересен ќе биде и дуелот меѓу Кораб и Гостивар.

Во Втората лига Исток, на стартот се очекува да биде највозбудливо на мечот меѓу Тиквеш и Кожуф. Новиот второлигаш Кит-Го ќе го пречека составот на Плачковица.

1. коло, двојки (18. август)

Втора лига – Исток

Вардар Неготино – Брегалница

Кит-Го – Плачковица

Тиквеш – Кожуф

Детонит Јуниор – Борец

Каменица Саса – Партизан

Втора лига – Запад

Лабуништа – Влазрими 77

Кораб – Гостивар

Скопје – Пелистер

Генч Калемлер – Тетекс

Гоблен Јуниор – Струга

Се вчитува...