Извонреден меч на кадетите во Романија: Триумф од 0-2… (ВИДЕО + ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години одигра одличен натпревар на тест дуелот против соодветната селекција на Романија, славејќи со 0-2 во Букурешт.

Македонските момчиња својата задача на мечот си ја завршија во првото полувреме кога беа постигнати двата погодоци. Најпрво, уште во 13. минута Фазлагиќ искористувајќи една грешка во одбраната на домашните постигна убав погодок за водство од 0-1, а потоа веќе во 33. минута со голот на Марко Ѓорѓиевски по еден контранапад стигнавме до 0-2.

Во вториот дел македонската селекција имаше уште неколку можности за поубедлив триумф, главно преку контранапади загрозувајќи го противничкиот гол, но резултатот остана непроменет.

romania - macedonia u17

Двете селекции ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар, на 1. јуни од 16:30 часот.

МАКЕДОНИЈА: Велковски, Шефо, Симоновски, Перчевски, Антовски, Османовски, Ѓоргиевски, Ферати, Чурлинов, Фазлагиќ, Колевски. Уште играа: Денковски, Гроздановски, Додевски, Ајдини, Трајковски, Сали, Бериша

Се вчитува...