Потенцијалниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски е најзаслужниот за местото на Мелбурн сити во финалето на најсилната австралиска лига.
Во полуфиналната пресметка со Мекартур, Мелбурн сити славеше со 2-0 благодарение само на извонредниот Чолаковски кој од првата минута го стартуваше дуелот.
Па, најпрво во 54. минута постигна прекрасен гол за водство од 1-0, а веќе во 55. минута одлично асистираше до Тилио за конечна победа од 2-0.
Мелбурн сити на 26. јуни ќе игра против Сиднеј во финалето на А-лигата, во битката за шампионскиот трофеј во Австралија.
Чолаковски неодамна му потврди на селекторот на младата селекција Благоја Милевски дека во иднина сака да игра за младата репрезентација на Македонија. Но, нема да биде изненадување ако од септември добие повик и за А-репрезентацијата на Македонија и за првпат го облече и црвено-жолтиот дрес во квалификациите за СП 2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА