Извонредниот Митревски го однесе Порто до пресврт победа, Кил го реши ПСЖ среде Париз

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски e најзаслужниот за победата од 32-31 на неговиот Порто против ГОГ во 6. коло од Лигата на шампионите.

Порто беше пред пораз со постојана негатива на домашен терен (на полувреме имаше негатива и од 15-21), но во второто полувреме блесна македонскиот репрезентативец кој мечот го заврши со 14 одбрани или процент на одбрани од 57%, понесувајќи ја својата екипа на крајот до победата на дуелот

Веспрем, пак, во оваа група ја изненади Барселона во дербито победувајќи на гости со 36-41, Висла Плок ја запиша првата победа во Лигата на шампионите победувајќи го Целје со 30-25.

Во Групата А, пак, во големата дерби пресметка Кил на гости славеше со 28-34 против ПСЖ решавајќи ги Французите со извонредно одиграни последни десет минути во кои дојде комплетниот пресврт.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...