Извршниот директор на ФИБА во посета на Скопје

Извршниот директор на ФИБА, Камил Новак, одвои дел од своето време и го посети Скопје за време на одржување на Европското првенство за кошаркарки до 16 години.

Раководството на КФСМ, претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски заедно со Камил Новак ги посетија спортските центри (VIP арена при СЦБТ и големата сала при СЦЈС) каде се одигруваат натпреварите од првенството, а заедно проследија и неколку натпревари кои беа на агендата на првиот натпреварувачки ден.

По еден ден во Скопје, Камил Новак ќе замине за Кина на претстојното Светско кошаркарско првенство.

Кошаркарската федерација на Северна Македонија ова лето организира две младински првенства, едното беше за кошаркарки до 18 години (дивизија Б) кое се одржа од 3. до 14. јули, а второто се уште е во тек.

Се вчитува...