Ја имитираше прославата на Симеоне, и веднаш си доби црвен картон (ВИДЕО)

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне минатата недела беше во центарот на вниманието со „интересната“ прослава на голот на мечот против Јувентус.

Симеоне првиот гол на својот тим, во победата од 2-0 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, го прослави со вулгарна гестикулација кон трибините. По натпреварот се извини за оваа своја постапка, но истакна дека не можел да се контролира затоа што било од срце.

Нешто слично се случи и на натпреварот од Серија Д во Италија на мечот меѓу Прато и Вијареџо. Напаѓачот на Прато, Рокардо Морео постигна гол а потоа прославувајќи се одлучи да го имитира Симеоне и тоа скапо го чинеше затоа што доби директен црвен картон. На крајот, и со играч помалку, домашните сепак стигнаа до победа од 2-1…

Се вчитува...