Ја напушти Барселона и потпиша за Баерн

Баерн Минхен денеска се пофали со ново засилување во пресрет на новата евролигашка сезона, официјализирајќи го трансферот на Мајлс Норис, американскиот крилен кошаркар кој доаѓа од редовите на Барселона.

Каталонците направија сериозен ремонт во играчкиот кадар и Норис се најде меѓу десетината играчи кои го напуштија тимот на Барса, по што овој 26-годишен кошаркар реши сепак да остане во Евролигата прифаќајќи ја понудата за двогодишен договор со Баерн.

„Среќни сме што Мајлс го избра токму Баерн. Ова ќе биде негова втора сезона во европската кошарка, ќе го има неопходното искуство и верувам дека ќе направи чекор напред. Пред се, неговата физичка сила, но и одличниот шут од поле ќе ни помонат полесно да ги завршуваме нападите“, истакна новиот тренер на Баерн, Антон Гавел.

Се вчитува...