Ја „откачи“ Македонија за да игра за Србија, беше во Порто, а сега игра во просечен тим во Литванија

Се сеќавате ли на Марко Павловски? Капитенот на српската репрезентација до 19 години која го освои европското првенство во 2013 година, и кој се најде во најдобриот тим на тоа Европско првенство, требаше да игра за Македонија, но тој ја исклучи таа можност.

Тогашниот селектор Чедомир Јаневски во 2013 година му испрати повик да игра за Македонија, но тој не одговори на повикот. Сакајќи да игра за Србија, но никогаш не стигна ниту блиску до сениорскиот дрес, а нема ниту да стигне. Кога Македонија го бараше, Павловски беше дел од Порто, меѓутоа потоа следуваше и вртоглав пад на кариерата.

Беше позајмуван во Мускрон, ОФК Белград, потоа играше за Сплит, Вождовас, Варзим, Динамо Минск, и сега се пресели во Литванија, каде игра во Ритериаи (поранешно Тракаи).

Павловски беше голема надеж на српскиот фудбал, а со оглед на потеклото од нашата земја, Македонија се бореше за него. Но, никогаш не го доби неговото „ДА“. Не доби ниту „ДА“ од Србија, затоа што имаше голем пад и не стигна никогаш да биде дел од сениорскиот тим на северниот сосед, иако голем дел од неговите тогашни соиграчи, сега се дел од сениорите на Србија како што се Рајковиќ, Митровиќ, Вељковиќ, Гачиновиќ, Луковиќ…

Се вчитува...