Јада ја обезбеди македонската квота за ЗОИ 2026 во Милано

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, СТавте Јада, со настапот на СП во Трондхајм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за настап на Зимските Олимписки Игри што следната година ќе се одржат во Милано, Италија.

Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех. На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

„Овој резултат е доказ за упорноста, трудот и посветеноста на македонските скијачи, кои и покрај сите предизвици, чекорат храбро напред кон светската сцена. Јада не само што стекна уште едно непроценливо искуство на најголемата сцена во нордиското скијање, туку и го постави темелот за македонскиот настап на Олимписките игри во Милано 2026. Со македонскиот борбен дух и несебична посветеност, продолжуваме да ја пишуваме историјата на нашето скијање“, порачаа од Македонската Скијачка Федерација.

Се вчитува...