Јада на 86. место, Дамјановски не ја заврши индивидуалната трка на СП во крос-кантри

Најдобрите македонски нордијци Ставре Јада и Дарко Дамјановски го имаа својот настап на индивидуалната трка на 15 километри во крос-кантри на Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува во словенечка Планица.

Ставре Јада го освои 86. место од 95 натпреварувачки кои ја завршија трката со време од 39:53.4 минути, додека Дарко Дамјановски не ја заврши трката откако на половина трка поради големи проблеми мораше да се повлече.

На врвот тотална доминација на Норвежаните. Златото му припадна на Симен Хегстад Кругер кој делницата од 15 километри ја помина со време од 32:17.4 минути, што беше за 5.3 секунди подобро од својот сонародник Харалд Осберг Амундсен. Подиумот го надополни третиот Норвежанец со Ханс Кристер Холунд со заостанување од 24.6 секунди зад времето на златниот Кругер.

Се вчитува...