Јадранка Недева светски шампион во кати, Венцислав Недев примен во „куќата на славните“

Македонската каратистка Јадранка Недева освои златен медал и стана светски шампион во кати, а освои и уште две сребрени медали во дисциплините фукуго и кумите, што е најдобар пласман на македонските репрезентативци на Светскот фудокан шампионат во Синделфинген, Германија.

Останатите наши натпреварувачи во своите дисциплини се пласираа од 4. до 8. место, дел од нив беа и грубо оштетени од страна на судиите.

Селекторот на македонската репрезентација во традиционално карате, Венцислав Недев, пак, денеска и официјално беше примен во куќата на славните на светската фудокан федерација.

Сертификатот му беше доделен од страна на проф. д-р Илија Јорга 10 дан, основач и претседател на светската фудокан карате федерација. Ова меѓународно признание е по повод придонесот во развојот на светското карате и фудокан карате стилот од страна на Венцислав Недев.

Се вчитува...