Јагањац: Тешко ми е што си одам, но среќен сум за победата

Халил Јагањац го одигра последниот натпревар во дресот  на Металург. Постигна шест гола против Татран Прешов и пред да замине, со „металурзи“ ја прослави првата победа сезонава. По една и пол година поминати во тимот од Автокоманда, хрватскиот репрезентативец се сели во Нексе. Со Металург се разделуваат „спогодбено“ пред истекот на договорот и вели дека од Македонија си заминува со најубави спомени.

 „Натпреварот против Татран беше емотивен за мене, затоа што е последен во овој дрес. Иако сме млада екипа, покажавме дека кога ќе направиме се како што треба – доаѓаат и резултатите и можеме да играме против секого. Македонија има убава иднина со тие играчи. Би сакал да им се заблагодарам на сите што беа дел од оваа убава приказна во Металург. Од првиот ден ми беше убаво овде. Ме прифатија како да сум дома, ми помагаа да се адаптирам и да чувствувам комотно. Се надевам дека не разочарав во Металург. Тешко ми е што си одам, но од друга страна, среќен сум што тоа го правам со победа – вели Халил Јагањац.

Се вчитува...