Македонските ракометари денеска отпатуваа за Словачка, каде утре ќе го одиграат првиот дуел од баражот за СП 2027, со јасна цел – продолжување на континуитетот од настапи на големите натпреварувања.
Томи Јагуриновски е еден од оние со подолг стаж во националниот тим, десниот бек игра во одлична форма во дресот на Охрид и се очекува во ист ритам да продолжи и на овие клучни натпревари за македонската репрезентација. Искусниот ракометар е свесен з значењето на дуелот и верува дека Македонија ќе одигра квалитетни 60 минути, во ниту еден момент не потценувајќи го противникот.
„Свесни сме за предизвикот и подготвиме пристигнуваме во Словачка. Противникот не е атрактивен, но тоа воопшто не значи дека е наивен, јасно ни е дека ќе мораме да играме максимално од почеток до крај ако сакаме да стигнеме до резултатот што го посакуваме. Сакаме две победи и пласман на СП, но тоа нема да биде нималку лесно, особено доколку ни се случи да ја потцениме Словачка. Првите натпревари знаат да бидат незгодни, но верувам дека сме доволно искусни да не дозволиме да бидеме непријатно изненадени. Го анализиравме противникот, знаеме што е потребно за да стигнеме до позитивен резултат и треба тоа да го спроведеме на терен“, истакна Јагуриновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
