Јаја Туре има одиграно бројни натпревари во Лигата на шампионите, но вечерва за првпат ќе дебитира како тренер во елитното европско натпреварување
Прославениот ас на Манчестер Сити и Барселона почна тренерска кариера како помошник во Саудиска Арабија, Белгија и во Англија тој летово се реши за првиот предизвик како шеф на стручниот штаб, ја прифати понудата на Слован Братислава и за само неколку месеци го внесе овој клуб во Лигата на шампионите.
Со тоа, Јаја Туре испиша историја, станувајќи прв африкански тренер што ќе води тим во европското елитно натпреварување.
„Прв од Африка… навистина? Искрено, не го знаев тој податок, но ме прави исклучително горд. Тоа само потврдува дека времињата се менуваат“, истакна големиот ас од Брегот на слоновата коска.
Првиот предизвик не може да биде поголем – гостување против актуелниот европски шампион ПСЖ.
„Играме со еден од најдобрите тимови во светот, екипа што две години по ред го креваше пехарот во ЛШ. Од моите фудбалери барам само да одиграат храбро, да покажат желба и борба“, реален е Јаја Туре во пресрет на тренерското деби во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
