Јакимоска: Изградбата на стадионот во Прилеп е во застој поради грешка во проектирањето на агрегатот за струја

Победа одамна не игра на стадионот „Гоце Делчев“, чија изградба заглави, а на вчерашната прес – конференција в.д. претседателката на клубот, Ирена Јакимовска, ги елаборираше и причините за доцнењето со изградбата на теренот и реконструкцијата на трибините.

„Суштината на проблемот не е во ФФМ, како што беше досега кажувано. Јас не сакам да кажувам нешто без факти. Ова е проблем и за ФФМ бидејќи од сите 5 проекти за кои што таа добила средства од УЕФА, само нашиот проект не е завршен и автоматски со тоа се предизвикува пречка за тие да не можат во иднина да аплицираат за нови проекти до УЕФА за да можат да градат и понатаму, бидејќи овој проект не е затворен. Суштината на проблемот е во тоа што во одобрението за градба агрегатот за струја е поставен на место каде веќе има постоечки објект. Она што градоначалникот Илија Јованоски го вети заедно со неговиот тим, е дека ќе се направи промена на планот на целиот проект, надзорот од ФФМ веќе е дојден, и се надевам дека заедно со одделнието за урбанизам при Општина Прилеп за брзо време ќе најдат соодветно решение за проблемот и ќе се продолжи со изградба на стадионот. На тој начин стадионот во поглед на теренот и електричната енергија ќе бидат завршени до стартот на новата сезона затоа што наша цел е Победа повторно да започне да игра во Прилеп. Со тоа очекуваме не само што стадионот ќе ни го овозможи 13. играч – публиката, туку задоволството од гледањето на фудбалот може да донесе дополнителни начини за приход како на Општината така и на клубот“, истакна Јакимоска.

Се вчитува...