Со максимални пет победи од исто толку натпревари, Македонија го завери првото место во групата А и обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.
По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена.
„Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч со Луксембург затоа што сакаме перфектен циклус. Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво, но чекор по чекор, мислам дека ќе дојдеме до нашата цел“, изјави Јакимовски.
Последниот предизвик за македонската репрезентација во овој квалификациски циклус е гостувањето кај Луксембург, каде избраниците на селекторот ќе имаат можност со нова победа да го заокружат настапот со максимален ефект и дополнително да ја потврдат својата доминација во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
