Eден од најдобрите македонски кошаркари на денешницата Андреј Јакимовски и неговиот Тренто во трилер натпревар загубија на гостувањето кај Сасари со 89-88 во меч од 11. коло од италијанската лига.
Двата тима одиграа еден израмнет натпревар кој се решаваше во последните моменти, а подобро се снајдоа домаќините кои на крајот стигнаа до конечен триумф од 89-88.
Андреј Јакимовски беше еден од најдобрите во таборот на Тренто завршувајќи го натпреварот со 15 поени, надополнети со седум скока и една асистенција.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

