Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски, со уште една одлична партија ја однесе Македонија до втор триумф во претквалификациите за пласман на Светското првенството.
Играчот на Тренто го заврши мечот со постигнати 26 поени, а по мечот истакна задоволство од победата на репрезентацијата.
„Ова е многу важна победа за нас. Мечот беше физички тежок, знаевме дека играме на гости, дека судиите малку ќе бидат на страна на домаќинот, а исто и публиката. Но најважно е што останавме до крај како тим. Нашата хемија ни помогна и можам да кажам дека се боревме во текот на целите 40 минути. Имавме проблем со дефанзивниот скок, тоа не стави во ситуацијата во која бевме на стартот, но со некои детали, мали ситници, дојдовме до ептен важна победа. Си ја завршивме работата скоро 99%, но ни следат уште два меча во февруари. Задоволен сум како одигравме, особено што бевме заедно краток период и немавме време да се спремиме во целост. Ги искористивме сите работи максимално и дојдовме до важни бодови. Се надевам дека во февруари пак ќе бидеме комплетни. Ова беше уште еден чекор кон главната цел, тоа е квалификациите за ЕП 2029“, рече Јакимовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

