Јакин: Најважно вечерва е што победивме и што никој не се повреди

Фудбалската репрезентација на Македонија го запиша првиот позар во Б-дивизијата од Лигата на нации, откако загуби на домашен терен од Швајцарија со 0-3.

Нашите фудбалери го одиграа еден од најслабите натпревари. Анемична игра без никаква креација, без идеја и без ниту една шанса во 90 минута. Остануваме и петти меч во низа откако селектор е Гоце Седлоски без постигнат погодок.

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин по мечот ги сумираше впечатоците од мечот на кој неговата репрезентација стигна до рутинска победа.

„Задоволен сум од вечерашната партија и најважно од се е дека победивме и немаме повредени играчи. Ова беше одличен меч можевме да постигнеме барем уште два гола. Навикнати сме на вака добри партии и резултати“, изјави Јакин. 

Се вчитува...