Јакировиќ ниту еден месец на клупата на Динамо, а веќе: „Ова ми е најтежок пораз во кариерата…“

Сергеј Јакировиќ беше донесе пред три недели да го спаси Динамо Загреб, по елиминиацијата во ЛШ, и да го одведе во групната фаза од Лигата на Европа.

Но, „модрите“ вчера доживеаја дебакл во Прага и со поразот од 4-1 од Спарта не успеаја да обезбедат Лига Европа и ќе играат во „трета лига“ на европската сцена.

Јакировиќ ниту еден месец на клупата на хрватскиот шампион, а како што вели го доживеал најтешкиот пораз во кариерата.

„Ова секако ми е најтежок пораз во кариерата. Никогаш не сум загубил вака важен меч досега. Ова беше за нас важен натпревар, а не успеавме. Не знам што се случи во првото полувреме. Знаевме дека ќе биде тешко, но односот во првото полувреме навистина не ми е јасен. Како и да е, немаме време за плачење мора да извлечеме поуки од грешките кои ги покажавме во Прага“ – истакна по мечот Јакировиќ.

Се вчитува...