Јакобсен се жали по поразот од Вардар: Судиите не ни дадоа да победиме!

Тренерот на Рајн Некар Левен, Никола Јакобсен причините за поразот од Вардар (29-27) во четвртото коло од Лигата на шампионите ги пронајде во судиите на натпреварот во Скопје.

Според Јакобсен, Вардар не бил подобар а судиите во вториот дел не му дале фер шанса за победа…

„Честитам на Вардар за победата, но мора да кажам дека не е до крај најзаслужена. Точно е дека ние во второто полувреме имавме одредени проблеми со играта, но исто така и не добивме од судиите фер шанса да се бориме за триумф. Имавме крајно сомнително судење, едноставно не ни дозволуваа да дојдеме до шанса за триумф, а заслуживме. Но, не можеме сето ова да го вратиме назад. Продолжуваме понатаму, има уште многу да се игра во Лигата на шампионите“ – истакна Јакобсен по мечот во „Јане Сандански“.

Интересно, на поразот од Вардар минатата недела се жалеше и Љубомир Врањеш па потоа доби и отказ во Веспрем.

Се вчитува...