Јамаха со новиот „Monster Energy“ ќе го освојува Мото ГП во 2019 (ВИДЕО)

Валентино Роси и Маверик Вињалес во Џакарта беа дел од спектакуларната промоција на новиот мотор на Јамаха со кој тимот ќе се обиде да биде конкурентен во новата Мото ГП сезона. Јамаха имаше тешка 2018 година на резултатски план и сега со новата машина ќе ги брка Хонда и Дукати кои имаа многу подобри перформанси.

Минатата сезона Јамаха ја заврши на третата позиција во конкуренција на конструктори, а Роси беше трет во генералниот пласман кај мотоциклистите зад Маркез и зад Довициозо.

Новиот шампионат почнува на 10. март со трката за Големата награда на Катар.

 

Се вчитува...