Јамајка и натаму е во игра за СП, но селекторот Мекларен си поднесе оставка

Фудбалската репрезентација на Јамајка и натаму има шанса да се пласира на Светското првенство идната година, преку бараж мечеви во март идната година. Меѓутоа селекторот, познатиот англиски тренер Стив Мекларен се одлучи да си поднесе оставка, откако не успеа да ја однесе селекцијата директно на Мундијалот 2026 година.

Јамајка заврши како втора во групата зад Курасао, и така ќе треба сега преку баражите да се обиде да дојде до Светското првенство. Но, синоќа Мекларен се заблагодари на довербата, и замина од кормилото.

„Ве сакам сите и ви посакувам се најдобро. Јас го дадов најдоброто од себе за оваа репрезентација“, рече Мекларен.

Мекларен е селектор на Јамајка од 2024 година. Претходно беше селектор и на Англија, кога оваа селекција играше против Македонија, и не успеа да се пласира на Европското првенство во 2008 година.

Се вчитува...