Јамајка повторно ќе има боб тим на Зимски олимписки игри

По повеќе од три децении од дебито на Зимските олимписки игри во Калгари, кои беа инспирација за филмот „Cool runnings“, јамајкански боб тим повторно ќе учествува на ЗОИ.

Покрај тоа што Јамајканците ќе имаат тим во четворосед, тие учество на овие игри ќе имаат и во двосед и во женски едносед. Последен пат кога Јамајка имаше четворосед на Олимписки игри беше во Нагано 1998 година.

 

 

Се вчитува...