Ламин Јамал продолжува да блеска во дресот на Барселона, откако крилниот офанзивец постигна гол и во последниот триумф ннад Алавес со што Барса се врати на врвот на табелата во Ла Лига.
Младиот ас ужива што се наоѓа во фокусот на вниманието на јавноста, не крие дека аплаузите од трибините го мотивираат на секој нареден натпревар.
„Зошто да ми пречи што сум „ѕвезда“. Ако сум искрен, морам да признам дека уживам во сето тоа внимание. Сакам да ги правам среќни луѓето околу мене, како семејството и пријателите, но така и сите оние кои доаѓаат да ги гледаат натпреварите. Уште како дете кога играв во маалото каде што израснав… луѓе гледаа од страна и исвиркуваа или делеа аплаузи. Уште тогаш… не постоеше поубаво чувство од тоа кога луѓето ќе ги кренеш на нозе, да уживаат во твоја мајсторија. Се присетувам на тие мечеви и сега кога сум професионалец, тоа ми е инспирација во даден момент да направам некој неочекуван потег во кој публиката ќе ужива“, изјави Јамал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

