Јан Облак потпиша нов договор со Атлетико Мадрид до 2022 година

Словенечкиот интернационалец Јан Облак го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година. Тој доби значително зголемување на годишната плата и во иднина ќе заработува 12 милиони евра по сезона, но и астрономска отштетна клаузула од 200 милиони евра.

Облак беше трансферна цел на Пари Сен Жермен, но раководството на Атлетико Мадрид успеа да го убеди да остане на „Ванда Метрополитано“. Од 2014 година, Облак има дури 22 натпревари во Лигата на шампионите на кои успеа да ја сочува празна својата мрежа.

Се вчитува...