Јана Атанасовска не ја заврши велеслаломската трка на СП во алпско скијање

Македонската претставничка на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во француските Куршевел и Мерибел, Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка.

Македонката трката ја почна како 66. на стартната позиција, но веднаш направи грешка која значеше преран крај. По првата трка водечка е Американката, Микаела Шифрин со 1:02.54 минута, пред домашната скијачка Теса Ворли која доцни 12 стотинки и Италијанката, Федерика Брињоне која има заостанување од 31 стоти дел од секундата.

Се вчитува...