Јане Велковски, ѕвезда во новата реклама на „Equal Game“, заедно со Луис Фиго и со Ерик Абидал

Малиот херој Јане Велковски е главна ѕвезда во новата реклама на УЕФА за кампањата „Equal Game“, што се снима во Лион, каде утревечер ќе се одигра финалето во Лигата на Европа меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј. Тој е специјален гостин на УЕФА овие два дена, на покана на португалската фудбалска легенда Луис Фиго, а ќе има средба со амбасадорот на финалето, Ерик Абидал.

Јане Велковски беше голман на ревијалнит натпревар во мини-фудбал што послужи и за снимање на новата реклама на УЕФА за кампањата „Equal Game“.

Се вчитува...