Јанев и Незири со победа стартуваа на ЕП до 18 години

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири славеа во мечот од првото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф.

Тие во игри на двојки ги победија Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија со 2-0 во сетови и тоа со 7:6, 6:2). Утре во меч од второто коло ќе играат против тенисерите од Шведска, Вилијам Кјелберг и Лов Миквист.

Девојките претрпеа несреќен пораз. Мила Јовановски и Ирина Пиштолова загубија со 2-1 во сетови (6:0, 2:6, 10-3) од Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.

Утре меч од второто коло ќе игра и Јанев во поединечна конкуренција, кој за ривал го има третиот носител Јакуб Куси од Чешка.

Се вчитува...