Јани Атанасов и Хајдук први финалисти во Купот на Хрватска

Јани Атанасов и неговиот Хајдук Сплит се првите финалисти во националниот куп на Хрватска. Тие во полуфиналето вечерва во еден тежок натпревар славеа над Горица со 2-1. Мелњак во 39. минута донесе водство од 1-0 за тимот од Сплит, шест минути подоцна откако погодокот на Марко Ливаја беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел „белите“ зголемија на 2-0 со вториот гол на Мелњак во 64. минута. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот од пенал на Калик во 95. минута.

Јани Атанасов во игра влезе во 73. минута и ги одигра последните дваесетина минути од натпреварот. Во финалето Хајдук го очекува подобриот од втората полуфинална пресметка во која се среќаваат Ријека на Дарко Велковски и Осјек.

Се вчитува...