Нов клуб ќе има македонскиот репрезентативец Јани Атанасов на лето, откако неговиот тим Лариса испадна од грчката Супер-лига. Со денешниот пораз од Кифисија со 3-2, останаа на претпоследното место на табелата и се збогуваа со „елитата“.
Атанасов го одигра целиот меч, и доби жолт картон. Тој игра стандарно во овој тим откако дојде ова лето, но за жал, ќе мора да ја менува средината.
Во минатото македонскиот фудбалер беше дел од Краковија, Хајдук, Бурсаспор и АП Брера Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
