Јани Атанасов потпиша четиригодишен договор со Бурса: Среќен сум што доаѓам во голем клуб!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Јани Атанасов и официјално постигна договори за четиригодишна соработка со турскиот суперлигаш Бурсаспор.

Атанасов, завршувајќи ја досегашната соработка со Академија Пандев, меѓу неколкуте понуди за интернационална кариера се одлучи за трансфер во Бурсаспор.

„Среќен сум што доаѓам во квалитетен клуб со силни амбиции за следната година. Задоволен бев од условите кои ми беа понудени, па затоа и се договоривме за четиригодишна соработка“ – изјави Атанасов за ЕКИПА по постигнатиот договор со Бурсаспор.

Според најавите, официјалната промоција во новиот дрес за еден од најталентираните македонски фудбалери ќе биде на 26. јуни.

Се вчитува...