Јани Атанасов се враќа во Хрватска!?

Лариса се пресели во Втората лига на Грција, а од Лариса ќе се пресели и македонскиот репрезентативец Јани Атанасов. Играчот од средниот ред на Македонија летото ќе има нов клуб, а хрватските медиуми веќе го враќаат во оваа земја.

По репрезентативните настапи и дуелите против БиХ и против Турција, Атанасов во следните денови би требало да отпатува во Хрватска, каде ќе го комплетира договорот со Истра.

Доколку дојде до договор, тоа би било враќање на Атанасов во Хрватска после три години, откако од 2020 до 2023 година настапуваше за сплитски Хајдук.

Освен за Хајдук и за Лариса, Атанасов настапуваше и за Пушча Ниеполомице, Краковија, Бурсаспор и Академија Пандев.

Се вчитува...