Јани Атанасов во Бурса, на финални преговори за преселба во Турција

Еден од најталентираните македонски фудбалери Јани Атанасов од денеска е во Бурса на финален договор за преселба во турскиот суперлигаш Бурсаспор.

Бурса изминатиов период отворено ја демонстрираше својата определба за ангажман на членот на Академија Пандев, па и покрај понудите од уште неколку европски клубови, на крајот сепак одлуката е за преселба во шампионатот на Турција.

Според најавите, веќе утре се очекува да се финализираат преговорите за трансфер по што Атанасов го очекува официјалната промоција во дресот на Бурсаспор.

Интерес за младинскиот репрезентативец претходно постоеше и од белградски Партизан, австриски Алтах и најтрофејниот македонски клуб Вардар. Но, упорноста на Бурсаспорт на крајот пресуди.

Се вчитува...