Јаник Синер е првиот полуфиналист на мастерсот во Мајами

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер е првиот кој се пласираше во полуфиналето на вториот АТП мастерс 1000 турнир во 2024 година кој се игра во американскиот град Мајами.

Во првото четвртфинале освојувачот на трофејот на Австралија опен без поголеми проблеми славеше против чешкиот тенисер Томас Махач со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

Во полуфиналето Синер ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Русинот, Данил Медведев и Чилеанецот, Николас Џари.

Се вчитува...