Јаник Синер го пропушта и УС опен?

Италијанскиот тенисер Јаник Синер би можел да го пропушти  Ју-Ес  опен  поради повреда на коленото, пренесува „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот Синер во понеделникот се врати во Торино, каде што започна со закрепнување од повредата на коленото и го одработи првиот тренинг во сала.

Италијанецот ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што ќе се донесе конечна одлука за неговото учество на Ју-Ес опен. Тимот на Синер не сака да го ризикува здравјето на својот тенисер. Доколку испитувањата не покажат дека коленото е целосно здраво, Италијанецот ќе го пропушти турнирот.

Петкратниот освојувач на гранд-слем титули е надвор од натпреварувачкиот погон уште од јули поради повреда на коленото. Ју-Ес опен ќе се одржи во Њујорк од 30 август до 13 септември.

Се вчитува...