Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, официјално го откажа својот настап на претстојниот грен-слем турнир Ју-Ес Опен поради повреда на десното колено.
Италијанецот денеска ја соопшти тешката одлука преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека по неколкудневни тренинзи во Монте Карло, неговиот медицински тим проценил дека му е потребно повеќе време за целосно закрепнување.
„Иако напорно работев со мојот тим, моравме да ја донесеме оваа тешка одлука. Исклучително сум тажен и разочаран бидејќи Њујорк има посебно место во моето срце“, напиша Синер.
Ова е првпат во кариерата Синер да пропушти грен-слем турнир уште од неговото деби во 2019 година. По освојувањето на Вимблдон во јули, тој ги пропушти и Мастерс турнирите во Монтреал и Синсинати, а сега дефинитивно нема да патува за САД. Главниот ждреб на Ју-Ес Опен започнува на 30 август. За разлика од Синер по пауза од турнирот во Барселона во мај месец, на САД опен се враќа Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
