Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер продолжува да се подложува на медицински тестови откако доживеа здравствен проблем на Ролан Гарос, каде што беше поразен во второто коло од Аргентинецот Хуан Мануел Черундоло.
Во тој натпревар, Синер водеше со 2-0 во сетови и 5-1 во третиот кога почна да се чувствува слаб на теренот. Тоа резултираше со неверојатен пресврт на аргентинскиот тенисер кој славеше по пет сета и го заврши натпреварот со серија од 18-2 во гемови.
Првите тестови на Синер спроведени во Торино, а потоа и во Милано, не покажаа, како што објавуваат италијанските медиуми, никакви посебни, нови и поголеми проблеми со италијанскиот тенисер. Тимот на Синер објави дека 24-годишниот тенисер ќе се врати на терените во текот на оваа недела, кога ќе започне со целосен тренинг.
Дополнително, беше објавено дека Синер нема да игра на ниту еден АТП турнир на трева до Вимблдон, кога се очекува да се врати.
Синнер ќе дојде на Вимблдон како минатогодишен победник, а во исто време го освои и последниот од четирите трофеи на гранд-слем турнирите на лондонскиот Ол Ингланд клуб. Тој победи двапати на Австралија опен во 2024 и 2025 година и еднаш на УС Опен во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
