Јаник Синер заврши во болница

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер предизвика загриженост во тениската јавност, откако итно бил прегледан во приватна ортопедска клиника во Милано.

Според информациите од италијанските медиуми, Синер во вторникот наутро бил на лекарски прегледи, а неговиот тим побарал и физиотерапевтот да го прекине одморот и да се врати за да биде покрај првиот светски рекет.

Засега нема официјални информации за причината поради која Синер побарал медицинска помош, ниту дали станува збор за рутинска контрола или за евентуална повреда.

Италијанските медиуми наведуваат дека тенисерот останал на дополнителни испитувања, а повеќе детали се очекуваат по официјалните информации од неговиот тим.

Ситуацијата предизвика дополнителна загриженост бидејќи почетокот на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, се приближува. Доколку се покаже дека проблемот е посериозен, Синер ќе има малку време за целосно опоравување пред настапот во Њујорк.

Се вчитува...