Јанис Адетокумбо побарал заминување од Милвоки Бакс, сега со лиферувани детали во јавноста за неговото однесувањее.
Центарот Мајлс Тарнер раскажа за тоа како се однесувал Јанис, како и некои од неговите соиграчи.
Темата беше казнување на играчите, а НБА центарот истакна дека Док Риверс не ги користел тие мерки.
„Зависи од тренерот. Иако Риверс никогаш никого не казнувал. Момците секогаш доцнеа, доаѓаа да гледаат снимки кога сакаа, пропуштаа тимски состаноци. Тоа беше едно од најлудите нешта што некогаш сум ги доживеал. Буквално беше вака – ако авионот требаше да полета во 14 часот, не можевме да полетаме до 16:30 часот зошто си доаѓаа кога сакаат. Сериозен сум. Беше лудо, луѓето доцнеа со часови. Стигна до точка каде што знаев дека нема да полетаме на време, па и јас самиот доаѓав на аеродром еден час подоцна од закажаното полетување“, вели Тарнер.
Го прашаа кој доцнел најмногу, а одговорот е очигледен сам по себе.
„Јанис Адетокумбо. Се појавува кога сака. Кога видов што се случува, му реков: „Еј човече, имаш поголема моќ. Нема да те казнат, затоа прави го тоа што го правиш.“
Од изјавите е очигледно дека Док Риверс не ја контролирал соблекувалната како што треба, затоа е отпуштен. Тејлор Џенкинс е ангажиран на негово место, но прашањето е со каков тим ќе игра следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
