Јанис, Харден и Џорџ кандидати за МВП, Дончиќ во трка за „руки“ на годината

Бранителот на трофејот МВП, Џејмс Харден е еден од трјцата кои се најдоа во најтесната конкуренција за признанието најкорисен играч во НБА заедно со лидерот на Милвоки Јанис Адетокумбo и со ѕвездата на Оклахома, Пол Џорџ.

Од овие тројца само тимот на Јанис уште е во игра за трофејот. Гркот игра одлична сезона и го предводеше тимот од 60 победи во регуларниот дел од сезоната, а сега води со 2-0 во Источното финале против Торонто. Антетокумбо и Џорџ се во трка и за најдобар дефанзивец во лигата заедно со Руди Гоберт.

Лука Дониќ очекувано е во најтесниот избор за дебитант на годината. Конкуренти му sе Диандре Ајтон и Тре Јанг. Мајк Баденхолцер, тренрот на Милвоки и како и Мајк Мелоун предводникот на Денвер и Док Риверс од ЛА Клиперс се тројцата кандидатиза тренер на годината.

Лауреатите ќе бидеат објавени на 24. јуни кога Меџик Џонсон и Лерид Бирд ќе ги добијат признанијата за животно дело.

 

Се вчитува...