Поранешниот МВП на НБА лигата, Јанис Адетокумбо изрази желба европските играчи целосно да доминираат во лигата, не само како играчи, туку и преку нивното присуство во најголемите НБА франшизи.
Коментирајќи го ненадејниот трансфер на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, Јанис изјави дека му се допаѓа идејата и дека би сакал да го види Никола Јокиќ во Њујорк Никс.
Неговиот аргумент лежи во фактот дека најголемите европски таленти треба да играат на најголемите кошаркарски пазари, што дополнително би ја зголемило светската популарност на НБА, но и ќе ја засили доминацијата на европските кошаркари во најдобрата лига во светот. Ставот на Јанис сигурно ќе предизвика многу реакции, особено меѓу навивачите и аналитичарите, бидејќи продолжуваат шпекулациите за иднината на европските ѕвезди во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА