Јанис на крајот ќе заврши во Хјустон?

НБА може да добие неверојатен блокбастер трејд во кој ќе бидат вклучени Јанис Адеткумбо и Алперен Шенгун.

Според „Ен-Би-Си“, Хјустон Рокетс „загризале“ за Јанис, кој наводно решил да го напушти Милвоки Бакс. Јанис е незадоволен од тимот што го има околу себе и не гледа шанси да освои уште една титула со Бакс, па затоа е отворен за промена на средината ова лето или во блиска иднина.

Хјустон е тим кој многу би сакал да го доведе Гркот, а за да го направи тоа се подготвени дури и да го испратат на другата страна најдобриот играч на својот тим Алперен Шенгун.

Во својот прв плеј-оф оваа сезона, Шенгун беше доста добар забележувајќи 20,9 поени, 11,9 скока, 5,3 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар.

Се вчитува...