Кошаркарскиот свет во неверување ја дочека вест за трејдот на словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, трејд во кој во спротивната страна замина меѓу останатите замина и Ентони Дејвис.
Трејдот го прокоментира и Јанис Адетокумпо кој прво мислел дека станува збор за лажни вести. Гркот се осврна и кон бизнис страната на НБА.
„Мислев дека се лажни вести. Лудило. Тоа е светот во кој живееме. Тоа е пред се бизнис и мора да разберете дека никој не е сигурен. Ако не е сигурен играч кој е одбран во првата петорка на сезоната пет пати, 25-годишник, човек кој само што го одведе својот тим до НБА финале, кој беше поентерски лидер, заврши втор или трет во изборот за МВП… Кажав и порано, тука те проценуваат секој ден. Не земајте ништо здраво за готово“, вели грчкиот кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА