Јанков: Тимот реагираше на вистински начин против Ренова

Работнички оствари уште една важна победа на гости (1-2) против Ренова во Тетово и се искачи на четвртата позиција на табелата. Не е недостижно ниту третото место на Академија Пандев, а „романтичарите“ најавуваат дека ќе се борат до последен миг за излез на европска сцена.

Еден од хероите во Тетово беше голманот Ристо Јанков, кој имаше одлични одбрани, а успеа и да го скроти ударот од белата точка на Влатко Стојановски во завршницата од мечот.

„Среќни сме поради триумфот, втор во низа за нас. Самодовербата е сега на највисоко ниво и веќе сме фокусирани на следниот меч против Силекс во Кратово. Одигравме одличен меч против Ренова, тимот реагираше на вистински начин и освоиме три многу значајни бода. Среќен сум што одбранив пенал, но заслугите одат за сите соиграчи подеднакво“, изјави голманот Ристо Јанков за официјалниот сајт на клубот.

Работнички во 29.коло му гостува на Силекс во Кратово, в сабота во 16 часот.

Се вчитува...