Јанков: За мене е чест што сум тука, верувам дека момците ќе дадат максимум и за нови успеси

Голманот на Работнички, Ристе Јанков по досегашните настапи за младата репрезентација на Македонија сега, со стартот на квалификациите за СП 2022, е трансфериран во сениорската селекција.

Јанков верува дека националниот тим ќе има и идни успеси како продолжение на пласманот на Европското првенство.

„Чест и задоволство за мене е што сум повикан во оваа репрезентација. Сега е на нас добро да се подготвиме за новиот квалификациски циклус и да покажеме дека има неспорен квалитет кој се покажа уште и со пласманот на ЕП. Секако мотив огромен е да се дојде до уште еден историски успех. Убеден сум дека момците ќе дадат максимум за нови успеси и во овие квалификации за СП“ – истакна Јанков пред денешниот прв тренинг со А-репрезентацијата.

Се вчитува...