Јансруд е „крал“ на супервелеслаломот во Кицбил

Норвежанецот, Кјетил Јансруд е победник на супервелеслаломската трка во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање, која денеска се возеше во австрискиот ски-центар, Кицбил. Јансруд до победата стигна со време од 1:14.61 минута. Второто место го поделија, домашниот натпреварувач Матијас Мајер и Норвежанецот Андре Омот Килде кои доцнеа 16 стоти делови зад времето на победникот.

Со второто место Мајер го презеде водството во поредокот во супер-џи, додека Омот се искачи на второто место. Третото место му припаѓа на Кавизел, додека лидерот во спуст до оваа трка, Австриецот Крихмајер сега е четвртти. Утре во Кицбил на програмата е шестиот спуст сезонава.

Се вчитува...